Линк за тест
https://www.dropbox.com/home/dobrila
https://www.dropbox.com/home/dobrila
Оперативен
план за наставен час по физика
Наставна тема: Светлински појави
Наставна содржина: Конструкција на ликови кај леќи
Тип на часот: Нова наставна единица
Одделение: VIII
|
|||
Цели на часот
|
Запознавање на учениците со начинот на конструкција на ликови кај
собирна и растурна леќа и равенка на леќа.
|
||
Очекувани исходи
|
Учениците да знаат кои се карактеристичните зраци
со чија помош конструираме ликови кај леќи; да ги набројат карактеристиките
на ликот добиен кај собирна и растурна леќа; да ја знаат равенката на леќа и
да ја користат во нумерички задачи.
|
||
Наставни методи и форми
|
Метод на усно излагање, интерактивна метода
(дијалог, разговор, дискусија), демонтрационен метод, работа со учебник,
фронтална и индивидуална форма.
|
||
Техника
|
Т-табела: Споредба на зраците со кои конструираме ликови кај сферно
огледало и леќи
|
||
Корелација
|
Математика, техничко образование
|
||
Каталог
на поими
|
Леќи, собирна, растурна
|
||
Наставни средства и помагала
|
Учебник, табла, креда.
|
||
Средства и постапки за оценување на постигнувањата на учениците
|
Се следат целокупните активности и ангажираност на учениците. Усна
повратна информација
|
||
Организација
и активности на часот
|
|||
Активности на наставникот
|
Многу елементи од новата наставна единица им се
познати на учениците, па часот воглавно се одвива преку разговор и дискусија.
Преку прашања ги потсетува учениците што е леќа, кои се елементите на леќата,
каков фокус има собирната, а каков фокус има растурната леќа? Со помош на Т –
табела прави споредба на зраците си чија помош конструираме ликови кај сферно
огледало и леќа. Од конструкциите се опишуваат карактеристиките на добиените
ликови. Ја задава равенката на леќа и задава нумерички задачи.
|
||
Активности на учениците
|
Одговараат на прашањата на наставникот. Активно
учествуваат во дефинирањето на каралтеристичните зраци со кои конструираме
ликови кај леќата, донесуваат заклучоци, цртаат и запишуваат во тетратките.
Решаваат нумерички задачи.
|
||
Интеракција
|
ü
Наставник – Ученик (наставникот објаснува и
поставува прашања и задачи – ученикот слуша, одговара и решава)
ü
Ученик – Ученик (учениците меѓусебно
дискутираат околу примерите што ги даваат и си помагаат при решавањето на
задачите)
ü
Ученик – Наставник (ученикот прашува за
одредени нејаснотии во задачите – наставникот помага, појаснува, насочува)
|
||
1.Наброј
ги елементите на леќата
2.Постави
го предметот меѓу леќата и фокусот-каков лик се добива и каде се наоѓа
3.Постави го предметот во фокусот-каков лик се добива
4.Постави
го предметот на растојание меѓу
фокусот и двојното фокусно растојание-каков лик се добива
5.Постави го предметот на растојание поголемо од двојното фокусно растојание-каков лик се
добива
6.Што се
случува со растојанието на ликот од леќата и големината на ликот,ако се менува
растојанието на предметот од леќата?
7.Подеси го
радиусот на закривеност со помош на curvature radius(m) na R=0.8m.Постави го
предметот на растојание a=120cm oд
леќата со помош на алатката Ruler.Одреди го растојанието на ликот од леќата b со помош на алатката Ruler и пресметај ја јачината на
леќата(Ј).
|
|||
Активности за следниот час: Обработка на нова наставна
содржина – Човечкото око како оптички уред
|
|||
Рефлексија
|
|||