уторак, 18. новембар 2014.

Дневна подготовка за тест

Линк за тест
https://www.dropbox.com/home/dobrila
Оперативен план за наставен час по физика
                                                                               
Наставна тема: Светлински појави
Наставна содржина: Конструкција на ликови кај леќи
Тип на часот: Нова наставна единица
Одделение: VIII

Цели на часот
Запознавање на учениците со начинот на конструкција на ликови кај собирна и растурна леќа и равенка на леќа.

Очекувани исходи
Учениците да знаат кои се карактеристичните зраци со чија помош конструираме ликови кај леќи; да ги набројат карактеристиките на ликот добиен кај собирна и растурна леќа; да ја знаат равенката на леќа и да ја користат во нумерички задачи.

Наставни методи и форми
Метод на усно излагање, интерактивна метода (дијалог, разговор, дискусија), демонтрационен метод, работа со учебник, фронтална и индивидуална форма.

Техника
Т-табела: Споредба на зраците со кои конструираме ликови кај сферно огледало и леќи
Корелација
Математика, техничко образование
Каталог на поими
Леќи, собирна, растурна
Наставни средства и помагала
Учебник, табла, креда.
Средства и постапки за оценување на постигнувањата на учениците
Се следат целокупните активности и ангажираност на учениците. Усна повратна информација
Организација и активности на часот

Активности на наставникот
Многу елементи од новата наставна единица им се познати на учениците, па часот воглавно се одвива преку разговор и дискусија. Преку прашања ги потсетува учениците што е леќа, кои се елементите на леќата, каков фокус има собирната, а каков фокус има растурната леќа? Со помош на Т – табела прави споредба на зраците си чија помош конструираме ликови кај сферно огледало и леќа. Од конструкциите се опишуваат карактеристиките на добиените ликови. Ја задава равенката на леќа и задава нумерички задачи.
Активности на учениците
Одговараат на прашањата на наставникот. Активно учествуваат во дефинирањето на каралтеристичните зраци со кои конструираме ликови кај леќата, донесуваат заклучоци, цртаат и запишуваат во тетратките. Решаваат нумерички задачи.

Интеракција
ü  Наставник – Ученик (наставникот објаснува и поставува прашања и задачи – ученикот слуша, одговара и решава)
ü  Ученик – Ученик (учениците меѓусебно дискутираат околу примерите што ги даваат и си помагаат при решавањето на задачите)
ü  Ученик – Наставник (ученикот прашува за одредени нејаснотии во задачите – наставникот помага, појаснува, насочува)
Домашна задаaчаОтвори го линкот https://phet.colorado.edu/en/simulation/geometric-optics
                                    1.Наброј ги елементите на леќата
                                    2.Постави го предметот меѓу леќата и фокусот-каков лик се добива и каде се наоѓа
                                    3.Постави го предметот во фокусот-каков лик се добива
                                    4.Постави го предметот на растојание  меѓу фокусот и двојното фокусно растојание-каков лик се добива
                                      5.Постави го предметот на растојание поголемо од двојното фокусно растојание-каков лик се добива
                                   6.Што се случува со растојанието на ликот од леќата и големината на ликот,ако се менува растојанието на предметот од леќата?
                                  7.Подеси го радиусот на закривеност со помош на curvature radius(m) na R=0.8m.Постави го предметот на растојание a=120cm oд леќата со помош на алатката Ruler.Одреди го растојанието на ликот од леќата  b со помош на алатката Ruler и пресметај  ја јачината на леќата(Ј).
Активности за следниот час: Обработка на нова наставна содржина – Човечкото око како оптички уред
Рефлексија